Facebook сака да стартува натпревар во пеење во стилот на X Factor

- Advertisement -

Facebook планира да лансира сопствен шоу-натпревар во пеење во стилот на X Factor каде шти корисниците на социјалната мрежа ќе ги номинираат своите пријатели како натпреварувачи. Аудициите и гласањето целосно ќе се одвиваат преку Facebook, најави компанијата на презентацијата на Television Critics Association, каде што социјални мрежи и платформи за емитување содржини ги претставуваат своите најнови шоу-програми.

Натпреварот во пеење е дел од новите амбиции на компанијата Facebook да направи оригинални програми во обид да се натпреварува за преземање на публиката од платформите како Netflix, Prime Video и YouTube. Социјалната мрежа минатата година в САД лансираше посебна услуга за емитување видеа, Facebook Watch, каде што се емитуваат оригинални серии, вести и зодржини генерирани од корисниците.

- Advertisement -

Од Facebook не откриваат детали за наптреварот во пеење, но ветуваат дека во центарот на вниманиеето ќе биде ставена публиката. Исто така, најавија планови за старување интерактивно реално шоу со кошаркарската ѕвезда Шекил О”Нил, во кое тој ќе се обидува да отвори ресторан. Шоуто ќе се вика Big Chicken Shaq, ќе има осум епизоди и веројатно ќе почне во текот на наредните неколку недели.

Сподели!
- Advertisement -