ВИДЕО: Паметни лежечки полицајци знаат кога возите брзо, а кога бавно

- Advertisement -

Лежечките полицајци се немилосрдни кога станува збор за гумите, тркалата, амотизерите на возилата, но само кога возите премногу брзо и не ги забележите ознаките на патот кои ви кажуваат дека има подигнување. Тие со години веќе се направени на истиот принцип – овална површина направена од цврст материјал, најчесто покриена со гумена обвивка.

Но, сега има многу попаметна верзија. Tope Inteligente или Sistema Inteligente Vial е паметен лежечки полицаец кој е дело на мексиканската компанија Inteligencia Vial. За разлика од обичните полицајци, овој систем може да детектира со каква брзина се движи возилото кое му се приближува и во зависност од тоа да реагира соодветно.

- Advertisement -

 На пример, доколку ограничувањето на патот каде што е поставен е 40 км/ч, а возилото кое што се приближува се движи побрзо, лежечкиот полицаец одненадеж ќе се подигне кога ќе почувствува тркала, па возачот на тој автомобил ќе се чуди што го снашло. Доколку пак го почитува означеното ограничување, лежечкиот полицаец ќе остане рамна површина и возачот нема ни да го почувствува.

Сподели!
- Advertisement -