- Advertisement -
Утре на 22ри август Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје ќе пушти во употреба две фотоволтаични централи со вкупна моќност од 22 KW.
- Advertisement -
Едната централа е донација од ОКТА, а другата е набавена во рамките на ИПА проектот „Подобрување на интеграцијата на складирање на енергија во згради со фотоволтаици“, како и со сопствени средства на факултетот.
На настанот ќе бидат присутни професор д-р. Димитар Ташковски, декан на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, г-дин. Јанис Геруланос, главен извршен директор на ОКТА, Арбер Адеми, министер за образование и наука и Јани Макрадули, заменик министер за животна средина.
- Advertisement -