Автомобилската компанија Volkswagen стартува сервис за споделување електрични автомобили во Берлин со моделите „голф“ и „Up!” во обид да им понуди услуга на луѓето од големите градови кои не поседуваат возило. Од Volkswagen наведуваат дека планираат својот проект наречен „We Share” да го прошират на повеќе големи градови во Европа и во Северна Америка до 2020 година, пишува Bizlife.
Од компанијата наведуваат дека ќе понудат 2.000 автомобили од компакт класа на почетокот на идната година за да придонесат за видливост на сервисот и да се осигураат дека имаат доволно достапни автомобили во близина на корисниците. Volkswagen додава и дека Берлин е идеален за овој проект затоа што е голем и густо населен град.
Volkswagen и други производители на автомобили инвестираат во нови бизнис модели кои нудат автомобили за повремено користење наместо да бидат во сопственост на корисниците.