Youtube ќе воведе многу повеќе реклами кои не можете да ги прескокнете

- Advertisement -

Благодарение на новите одредби на Google, на сите омилена опција им е прескокнувањето на рекламите, но таа опција наскоро ќе се појавува многу поретко отколку што сакаме. Неделава веројатно ќе наидеме на многу повеќе реклами на YouTube кои не ја нудат опцијата за прескокнување. Познатиот веб сервис најави воведување на такви реклами на сите канали кои можат да ги монетизираат своите содржини. YouTube овој несакан новитет го претстави преку YouTube Partner, а целта е поголема заработка.

Како што стојат работите, огласувачите се подготвени да платат многу повеќе ако корисниците нивните реклами не можат да ги заобиколат или да ги прескокнат. За среќа, рекламите кои ќе ги гледаме нема да траат како тие на малите екрани. Според Google, максималната должина на видеата ќе биде од 15 до 20 секунди. Иако ова е 3-4 пати подолго од стандардните реклами на YouTube, постои шанса да станува збор за одмерена количина „матретирање“, кое корисниците нема да ги обесхрабри од гледањето видеа.

- Advertisement -

Најголема штета можат да претрпат творците на содржини ни немаат многу фанови или кои покриваат интересна ниша која сама по себе не привлекува премногу луѓе. Откако YouTube ќе одлучи да ја активира оваа опција, таа ќе се примени на сите видеа кои се објавени досега.

Сподели!
- Advertisement -