Twitter ќе предлага кои корисници треба да престанете да ги следите

- Advertisement -

Twitter постојано експериментира со новитети и тестира потенцијални нови опции со кои би го подобрил искуството на социјалната мрежа, како и да овозможи прикажување на содржини кои на корисниците би им биле поинтересни и поатрактивни. Бројни се промените кои ги воведоа во текот на годината – „твитовите“ не се прикажуваат хронолошки, додаден е дел со најбитните објави, зголемен е бројот на знаци итн. Но, последната новина е особено интересна, пишува Zimo.

Имено, изминатите денови дека од корисниците забележаа дека мрежата освен препораките за луѓе кои можат да ги следат, почна да препорачува кои корисници не треба да ги следите повеќе. Станува збор за неочекувана опција. Додека, на пример, од Facebook секогаш велат дека нивната цел е поврзување на корисниците, Twitter на корисниците ќе им помага да престанат да ги следат луѓето кои, барем според нивниот алгоритам, не се интересни.

- Advertisement -

Од компанијата потврдија дека ја тестираат оваа опција, која, како што велат, треба да помогне за создавање timeline кој ќе им биде битен и на кој ќе се прикажуваат само информациите кои им се битни. Напоменуваат и дека тестот ќе биде достапен за мал број корисници и сакаат да видат дали тие корисници навистина ќе престанат да ги следат профилите кои им  се препорачани. Врз основа на тие информации опцијата во иднина ќе им се овозможи на сите корисници.

Сподели!
- Advertisement -