Велика Британија веројатно ќе го прави својот прв Garden City, односно низа од вештачки острови со хотели и илјадници домови на нив. Овој вештачки парк со големина на еден град, кој наликува на Палмините острови во Дубаи, може да биде готов до 2035 година, а ќе се гради во северен Кент.
Ќе биде поставен околу огромно езеро јужно од реката Ебсфлит и на него ќе има 15.000 домови, градини каде што луѓето ќе можат да одгледуваат свој зеленчук и овошје, па дури и вештачка плажа. Плановите за Garden City, гарад кој е планиран со што е можно повеќе зеленило и отворен простор, беа претставени откако проектот победи на интернационален наптревар и беше одлучено да се гради.
Вештачките острови меѓу себе ќе бидат поврзани со патеки за пешаци. Еден од островите ќе биде лулка на културата и уметноста, каде што ќе има театар на отворено и ќе се одржуваат културни настани. Ќе има и простор за хотели и центар за иновации, каде што ќе можат да работат стартапи.
Ќе има и таканаречени еко-острови, каде што ќе се поттикнува развојот и опстанокот на дивиот свет. Дизајнерите имаат планирано низа хотели за инсекти, кутии за пчели за лилјаци, со цел да помогнат да се доселат животни и инсекти на островите.
Езерото има површина од 12 хектари и моментално е недостапно за локалното население. Garden City планира да ја отвори областа и да го трансформира пејзажот. Дизајнот HALO (кратенка од Hives, Arcs, Links, Organics) ќе биде најбитна карактеристика на Garden City.
Компанијата Ebbsfleet Development Corporation ќе ја надгледува изградбата на 15.000 домови и градски центар, додека во план е да се направат и шест други паркови во близина. Освен нови домови, првото основно учикиште во Garden City веќе е отворено, , а отворени се и првиот паб и хотел. Се работи и на изградбата на мост кој ќе ги поврзе жителите со Интернационалната железничка станица на Ебсфлит, како и пешачки патеки и патеки за велосипеди кои ќе ги поврзуваат различните делови од Garden City.