Alibaba се здружува со Русија – стартува огромен проект со 100 милиони корисници

- Advertisement -

Кинескиот џин за е-трговијац Alibaba Group Holding објaви дека руската подружница на компанијата ќе се вклучи во заеднички проект во кој партнери ќе им бидат руски државен фонд и две технолошки компании. Аlibaba во заедничката инвестиција Aliexpress Russia, која ќе функционира како платформа за електронска трговија, ќе ја вклучи својата руска подружница, додека рускиот мобилен оператор Megafon ќе го замени својот 10% удел во интернет-групацијата Mail.ru за 24% удел во новата компанија, пренесува Poslovni Dnevnik.

Придонесот на Mail.ru во заедничката инвестиција ќе биде одделот за интернет-трговија и готовина, за која ќе добие 15% удел во Aliexpress Russia. Рускиот државен инвесѕициски фонд RDIF ќе купи 13% удел во новата компанија. Alibaba  ќе има удел од 48% во AliExpress ,а руските партнери ќе ги имаат останатите 62%.

- Advertisement -

Договорот беше потпишан вчера. AliExpress на своите социјални мрежи, пораки, имејл и сл.ќе добие 100 милиони корисници на Mail.ru групацијата, велат од компанијата.

Сподели!
- Advertisement -