Со квалитетна едукација Хелен Дорон го менува животот на децата и ги подготвува за подобра иднина

- Advertisement -

Helen Doron English е едукативна франшиза, глобален бренд, лидер вo детската едукација застапен во над 40 држави ширум светот, со над 35 години искуство. Во Македонија постои цели пет години и е застапен со 14 училишни центри низ државата, шест во Скопје и по еден во Струмица, Штип, Прилеп, Битола, Охрид, Тетово, Велес и Гевгелија. Хелен Дорон во Македонија во моментот има 55 активни учители  и над 1.500 ученици!

Петгодишнината е повод за интервјуто кое Иновативност го направи со Валентина Динова, мастер франшизер на Хелен Дорон за Македонија, која заедно со Јасмина Шилегова ја водат мастер франшизата на Хелен Дорон за Македонија. Тоа значи организирање на обуки за учителите и франшизерите, организирање на годишни конференции, изработка на национална маркетинг стратегија и спроведување на национален маркетинг, контрола на квалитет и стандарди во училишните центри, набавка и дистрибуција на материјали за училишните центри …

Хелен Дорон слави 5-годишнина во Македонија. Како би ги сумирале клучните достигнувања овде во Македонија?

- Advertisement -

Со влегувањето на Helen Doron English методот во Македонија, со самиот факт дека воведуваме сосема нов метод и пристап на едукација на деца, успеавме да ги поместиме стандардите и потребите за квалитетна едукација на децата барем во приватниот сектор. Направивме огромна промена во свесноста кај родителите за важноста на раната едукација кај децата, но и за тоа дека децата заслужуваат квалитетна едукација и сосема различен пристап на учење. За релативно кратко време успеавме да ја проширеме нашата мрежа на училишни центри, со што овозможивме на децата од голем број на градови од државата да имат пристап до квалитетна едукација.

Валентина Динова (лево) и Јасмина Шилегова (десно) ја водат мастер франшизата на Хелен Дорон за Македонија

Во што всушност се состои вашата различност, иновативност и посебност? Кажете ни повеќе за самата методологија која ја применувате во наставата?

- Advertisement -

Хелен Дорон методот е уникатен метод преку кој децата го изучуваат англискиот јазик како мајчин јазик, не како втор странски јазик. Тоа прави огромна разлика, бидејќи на ваков начин децата го совладуваат јазикот на природен начин, лесно и спонтано, немаат проблем слободно и течно да се изразуваат на англиски јазик, самоовербата во изразувањето и комуникацијата им е на многу виско ниво, а акцентот им е фасцинантно автентичен. Наставата се одвива во мали групи од 4 до 8 деца максимум, доволно за да има интеракција, но и не премногу за секое дете да добие доволно индивидуално вниемание. На часовите се зборува исклучиво на англиски јазик, каде што децата го апсорбираат англискиот јазик, влучени во уникатните игри и активности, кои се многу забавни, но во исто време сериозно осмислени и дизајнирани од педагошки експерти да поттикнат целосен развој кај децата. Хелен Дорон методот е многу повеќе од учење на англиски јазик. Преку нашата едукација се стимулира целосниот ментален, емоционален и физички развој на децата, преку развој на вештини и вредности како што се креативност, меморија, логика, самодоверба, комуникациски и говорни вештини, решавање на проблеми, социјализација, емпатија, толеранција, енциклопедиско знаење, музика, имагинација и сл. Ние во Хелен Дорон сме свесни дека современото образование во 21от век мора да ги содржи сите овие елементи за да може да се постигне резултати кај денешните деца и истите да се подготват за иднината. Длабоко веруваме дека со квалитетна едукација го менуваме животот на децата и им овозможуваме поквалитетна иднина.

Кажете ни нешто повеќе за франшизниот модел по кој работите и сте организирани во сите Хелен Дорон училишни центри?

- Advertisement -

Helen Doron English е глобален бренд кој работи по уникатен метод на едукација развиен од самата Хелен Дорон која е британска лингвиска и нејзиниот тим од педагошки и лингвистички експерти. Франшизниот модел ни гарантира квалитет и високи стандарди во секој Хелен Дорон училишен центар во светот. Нашите учители се обучени од странски едукатори, сертифицирани да работат по Хелен Дорон методот. Тие секоја година  добиваат нови обуки и посетуваат конференции. Преку годината имаме контроли и ревизија од странство, но и интерни контроли за квалитет, со цел да се зачуваат високите стандарди.

Може слободно да се каже дека Хелен Дорон е веќе препознатлив бренд во Македонија. Како успеавте за релативно кратко време да се наметнете на пазар кој е прилично заситен со понуда за изучување на странски јазици?

Ќе бидам директна и ќе кажам дека успеавме со квалитет, високи стандарди и метод кој дава резултати. Ние немаме ученик кој не научил и кај кого нема резултати.

Ќе си земам за право да бидам нескромна и да кажам дека не само шго за релативно кратко време го освоивме пазарот во Македонија за едукација на деца, но и го променивме. Направивме позитивен бум и трансформација. Во суштина кога ние влеговме во Македонија пазарот во исто време беше презаситен со приватни училишта за јазици, но и заспан. Се што се нудеше беше по класичен систем на едукација и намент за поголеми деца. Хелем Дорон дојде како овежување. Го размрдавме пазарот и ги инспириравме и останатите да прават нешто повеќе. Релевантен индикатор за тоа ми се нашите годишни кампањи кои секоја година ги правиме со одредена цел и промена што сакаме да ја направиме кај децата и општеството. Имаме направено многу кампањи за подигање на свесноста за здрава исхрана на децата, хуманитарни акции преку кои ги учиме децата на хуманост, солидарност и емпатија, кампања за подигање на јавната свест за потребата од инклузија на децата со посебни потреби. Оваа година направивме голема кампања Leaders Are Leaders преку која работевме на доближување на децата до магичниот свет на книгите и разбудување на желбата кај децата за читање. Интересен момент за нас е кога секоја година со започнување на одредена кампања со специфицна тема, сите останати почнуваат да го прават истото. Кога ја правевме кампањата за здрава исхрана, сите првавеа некакви активности поврзани со здрава исхрана, оваа година со Readers Are Leaders кампањата сите почнаа да не следатат и да прават активности за собирање на книги и читање. Тоа нас ни е голем показател дека со нашето работење правиме големи промени, не само во нашите центри и само за нашите ученици но и многу пошироко. Ние не се плашиме од конкуренција. Нашите стандарди и вредности се многу високи.

Хелен Дорон е училиште во кое децата стекнуваат и вештини и вредности. Кажете ни повеќе за овој пристап?

Како родители пред се треба да разбереме што значи квалитетна едукација во денешно време. Пред се треба да си ја исфрлиме од главата мислата од типот “ што ни фали на нас, како ние растевме порано, како ние се образувавме”. Оваа се други времиња и други генерации. Нашите деца имаат други предизвици и потреби. Нивната иднина ќе биде многу поразлична од нашата. Наша обврска како родители е да ги подготвиме. Целта на модерното образование не е само стекнување со академско знаење и учење на информации. Во свет на брз технолошки развој и лесна достапност на информации луѓето ќе се делат и разликуваат по вредностите и вештините кои ги имат. Вештини како логичко размислување, брзо донесување на одлуки, самодоверба, говорни вештини, емоционална стабилност, креативност и вредности како емпатија, толеранција, отвореност према разликите ќе им бидат клуч за успех на нашите деца во иднина.

Малку за идните планови!

Продолжуваме да работиме со темпото со кои и почнавме. Работиме на проширување на мрежата на ХД училишни центри и во останатите градови во државата во кои сеуште не нема. Секоја година ги воведуваме новите програми кои ги креира Хелен Дорон за различни возрасти на деца. Последниве две години особено добро ни оди и со запишување на многу мали деца и бебиња. Од оваа година фокус ни се и тинејџерите.

(Разговараше- Верица Јорданова)

Сподели!
- Advertisement -