Ново истражување покажа дека на Јупитер може да има живот

- Advertisement -

Новите сознанија до кои дојде сондата Juno, која орбитира околу Јупитер, наведуваат до заклучок дека на оваа планета може да постои вода и дека уште како млада планетата имала проблеми со развојот. Но, тоа не е се – магнетното поле на Јупитер има два јужни пола. Уште низа други откритија фрлаат сосема ново светло на планетата оддалечена од Сонцето речиси 800 милиони километри.

Со помош на телескоп на хавајскиот остров Мауна Каи и опсерваторијата Кек, каде што се наоѓа уредот за кој Американците тврдат дека е најосетливиот инфрацрвен телескоп во светот, пронајдени се докази дека во Големата црвена пега, односно Јупитеровата бура има траги од вода.

- Advertisement -

За тоа придонесе и сондата Juno, која може да се спушти во Јупитеровите облаци подлабoко од кое било друго тело кое досега човекот го испратил до најголемата планета од Сончевиот систем .Ако знаеме дека Јупитер е пребогат со водород, а сега е откриен и кислород, тоа би значело дека на планетата постојат состојки за вода, пренесува B92.

Она што засега е невозможно да се знае е колку вода може да има на Јупитер. Гордон Бјоракер од НАСА вели дека месечините кои орбитираат околу Јупитер се состојат главно од вода, па логично е да се претпостави дека целата околина на планетата е „наводенета“.Малку похрабрите научници како Мет Адамковикс, професор по физика и астрономија на Универзитетот Клемонс во Јужна Каролина, тврдат дека тоа мора да значи дека на Јупитер има живот.

- Advertisement -

Јупитер е гасовит џин кој е повеќе од двапати потежок од сите други планети од Сончевиот систем заедно. Иако 99% од атмосферата на Јупитер е составена од водород и хелиум, дури и водата во трагови на олку масивно небесно тело би значела дека таму има неколку пати повеќе вода отколку на Земјата. Затоа, невозможно е да се исклучи можноста на Јупитер да се развила некаква форма на живот, па барем и микроскопска.

Сепак, далеку сме од пронаоѓање живот на најголемата планета од нашиот систем. Молекулите на гасовите тешко се врзувал, па затоа Јупитер побавно се развивал. На него, како што тврдат научниците, не може да се примени популарната теорија за настанувањето на планетите на четири и пол милијарди години стариот Сончев систем. Јупитер не настанал од облаците прашина и гасови кои орбитирале околу младото Сонце, се судирале и се врзувале, па настанувале планети. Кај него било нешто покомплицирано – помалите вселенски тела му ја давале масата, додека поголемите му ја давале енергијата.

Сподели!
- Advertisement -