Хрват и Словенец ја тужат Tesla, компанијата на Илон Маск, за малтретирање

- Advertisement -

Американскиот сојузен суд ја прифати тужбата на Грегор Лешник од Словенија и на Стјепан Папеш од Хрватска поради матретирање на странски работници од страна на производителот на електрични возила Tesla Motors. Судијата Луси Кох ги отфрли приговорите на адвокатите на Tesla, па компанијата ќе мора на суд да одговори на обвиненијата дека знаеле за заканите на странски работниците во фабриката во Калифорнија.

Имено, на странските работници им се заканувале со депортирање ако пријават повреда на работно место или предолги смени, кои се противзаконски. Прифаќањето на тужбата значи дека тужителите можат службено да побараат документи кои ги потврдуваат нивните тврдења и да повикаат сведоци, пренесува Poslovni Dnevnik.

- Advertisement -

Тужбата против Teslа ја поднеле во 2016 година. Двајцата тужители тврдат дека дошле во САД со B-1 виза и се вработиле во Teslа преку компанијата iSM Vuzem. Лешник тврди дека работел по 250 часа, а бил платен само 950 долари, што е далеку под минималната плата. Тој додава и дека никогаш не работел помалку од 10 часа дневно, а имал слободен ден секои две недели, што исто така е противаконски. Освен закани со депортација, Лешник и Папеш наведуваат дека на странските работници им биле намалувани платите ако пријавеле повреда или ако се разболеле. Од Tesla тврдат дека ги истражуваат тврдењата на Лешник и Папеш и дека ја прекинале соработката со ISM Vuzem.

Сподели!
- Advertisement -