Автоматизираната фабрика Speedfactory на Adidas ќе го смени од корен начинот на производство

- Advertisement -

Adidas ќе ја отвори првата Speedfactory во Америка во близина на Атланта, Џорџија. Од Adidas велат дека ова Speedfactory ќе може да произведува трипати побргу отколку традиционалните методи, што значи дека овој светски бренд за спортска опрема ќе може за многу пократко време да ги пласира новите стилови на пазарот.

Фабриката ќе функционира така што ќе се собираат податоци од спортисти за да се оптимизираат перформансите на сите парчиња облеа и обувки, пишува PSFK. Бидејќи секој дел од производството ќе се автоматизира, се елиминира можноста за човечка грешка и експоненцијално се забрзува производството. Исто така, на овој начин се постигнува униформност, односно ист квалитет на брендот насекаде бидејќи производите се прават со копирање на примероци.

- Advertisement -

Adidas планира да ја користи Speedfactory за да го комплетира производството на лимитирани серии обувки како што се патиките за трчање AM4 и за да направи доста залихи од најдобро продаваните модели. Втората Speedfactory на Adidas ќе биде лоцирана исто такгради во Германија, компанијата се надева дека до 2020 година ќе може да произведува 1 милион пара обувки годишно.

Сподели!
- Advertisement -