Научници направија боја која ќе ги разладува зградите

- Advertisement -

Доколку не можеме да најдете начин да го забавиме темпото со коешто растат температурите, топлотните бранови ќе убиваат десетици илјади луѓе. Градовите ќе останат без луѓе затоа што таму се особено високи температурите на воздухот, земјата и сите површини. Но, тим од истражувачи од Универзитетот Колумбија создадоа решение кое велат дека може да ја намали температурата за 6°C. Станува збор за посебна бела боја.

Истражувачите ја направија бојата со додавање воздушни меурчиња во пластика, што резултира со бела супстанција која може да се намачка на каква било површина. Ова е пример за пасивно дневно радијациско ладење, каде што една површина се лади со рефлектирање на сончевата светлина и топлина во атмосферата.

- Advertisement -

Дури и обичната бела боја рефлектира дел од топлината и светлината, но оваа нова боја, велат научниците, е многу поефикасна. Тоа е така затоа што како и пената, има многу мали дупчиња кои ја рефлектираат светлината со различна бранова должина.

Многумина користат клима уреди за ладење, но тоа е привремено и многу штетно решение затоа што се создава вештачки ладен простор со испумпување на ладниот воздух надвор и притоа надворешните темпераури уште толку се покачуваат. Исто така, доста е скапо. Оваа нова алтернатива драстично ќе ги намали трошоците за ладење и притоа нема да и наштети на животната средина, пишува Quartz.

- Advertisement -

Иако бојата најдобро функционира во добро осветлени места, исто така е ефикасна во магловити предели. Дури не мора да биде во бела боја. Следниот чекор е да се поработи на еколошката страна на бојата за или да не биде штетна  да може целосно да се рециклира.

Сподели!
- Advertisement -