Амстердам тестира електрични роботизирани чамци за пловење по каналите

- Advertisement -

Изгледа дека електричните возила добија конкуренција. Холандските власти ќе почнат да користат прототип на футуристички електрични роботски чамци на подрачје кое опфаќа околу 100 км од каналите на Амстердам, а новите целосно автономни возила треба да вршат разни задачи, меѓу кои и превоз на патници и отпад, пренесува Independent.

На проектот Roboat, чија цел е развој на нови начини на пловидба по свeтските пловни патишта без човечки раце на воланот, работат експерти од Институтот на Амстердам заедно со Институтот за технологија од Масачусетс. Електричните роботски чамци пловат со мала брзина до 6 км на час со помош на елиси и четири потисници кои ги напојува електрична батерија. Во зависност од видот и капацитетот на батеријата и количината товар, чамците ќе можат да пловат од 12 до 24 часа.

- Advertisement -

Чамците на далечина ги управува компјутер, кој обработува податоци од камерите и сензорите кои го скенираат подрачјето околу чамецот, при што водат сметка за неподвижните и подвижните предмети. Електричните чамци се модуларни, па може едноставно да се прилагодат за различни цели, односно да превезуваат товар или луѓе. Програмерите велат дека им требаат 2-4 години за да ја усовршат технологијата за автономно управување со пловилата.

Сфетав ван Дијк, директор за иновации на институтот од Амстердам, појасни дека новата технологија е многу релевантна во многу сложени човечки операции, каде што има многу бродови и останати пловила, како и многу пристаништа.Таму навистина може да се подобри безбедноста со помош на автономни системи, а и пловидбата може да стане поефикасна ако се функционира добро секојдневно.

- Advertisement -

Во склоп на неодамнешната презентација еден електричен чамец долг 4 метри маневрираше покрај реплика на трговскиот брод „Амстердам“ од 18 век со три јарболи и така прикажа одлична споредба на наутичкото минато и наутичката иднина на градот.

(Independent)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -