Инженер од Сплит направи игри кои лечат анксиозност и депресија

- Advertisement -

Сплитскиот инженер Марин Малетиќ, кој во емисијата RTL Direkt ја претстави neurofeedback терапијата, со која се вежба мозокот со цел намалување на фреквенциите кои ни пречат во извршување на задачите, лансираше видеоигри кои го лечат пореметувањето на фокусот, аутизмот, анксиозноста и депресијата.

Магистерот за електромоторни погони, кој старата метода на лечење neurofeedback најпрвин ја испробал на себе, па и на своето дете, ја основаше компанијата Umo neuroscience. Моментално во Umo игротеките во Загреб и во Дубровник се прават neurofeedback тренинзи со деца кои имаат тешкотии врзани со фокусирање, слаба саморегулација, аутизам, хиперактивност и импулсивност, како и со деца кои немаат такви проблеми, но сакаат да имаат подобри перформанси било да се работи за спорт, музика или академски успех, пишува Poslovni Dnevnik.

- Advertisement -

„Нашите резултати од работата со децата со тешкотии покажуваат значително подобрување кое е видливо преку промените во однесувањето на детето, како и на EEG снимањата. Најчестото подобрување кое го забележуваат децата и родителите се однесува на подобра концентрација и задржување на вниманието кога пишуваат задачи, во наставата и во секојдневните активности, намалена хиперактивност и импулсивност, подобрена саморегулација. Кај децата со проблеми врзани за аутизмот доаѓа до подобрување на општото функционирање, подобро разбирање на околината, како и подобро учење од другите, што како последица има подобра социјализација и говор. Добри резултати се постигнуваат и кај проблемите со анксиозност и депресија во смисла на подобро разбирање на сопствените чувства и справување со стресни ситуации. Многу често овие проблеми се јавуваат во адолесценцијата, особено ако постојат тешкотии кои не се порано препознаени. Neurofeedback терапијата се покажа успешна и кај проблемите со читање“ вели Марин.

Скапата технологија и комплицираната изведба во почетокот давале предност на neurofeedback само за најбогатите системи, F1 тимовите и богатите спортски клубови. Поевтинувањето на технологијата, но и ширењето на базата на научни потврди за методата овозможија последните петнаесетина години neurofeedback да се користи и во медицински цели.

Сподели!
- Advertisement -