- Advertisement -
Компанијата Facebook соопшти дека при хакерскиот напад пред две недели се украдени податоци на 29 милиони корисници на социјалната мрежа. Кога е откриен нападот, беше навестено дека може да бидат компромитирани личните податоци на дури 50 милиони корисници, но се покажа дека тоа била претерана проценка.
Во денешното соопштение се наведува дека од 29 милиони луѓе се украдени имињата, имејл адресите или телефонските броеви. Притоа, од 14 милиони корисници украдени се и повеќе податоци, како што се адресите на живеење, датумот на раѓање и адресите кои најчесто ги посетувале. Facebook ќе ги извести сите чии податоци се украдени.
- Advertisement -