Овие вегански патики се направени од печурки

- Advertisement -

Нина Фабер е дизајнер на производи направени од печурки во компанијата Zvnder. Таа и Себастијан Тајс, основач на брендот за обувки nat-2 се здружија и заедно направија кожени патики направени од печурки. Патиките се направени од комбинација од печурки кои растат на дрвја, еколошки памук, микрофибер направен од PET рециклирани шишиња, автентични ѓонови од плута и гумени надворе[ни делови од ѓонот, пишува PSFK.

Патиките рачно се изработуваат во Италија во мала семејна компанија, а материјалите од коишто се произведуваат се креираат од внатрешниот месест дел од печурките. Попрецизно од печурката фомес фоментариус, која расте на мртви или слаби стебла од бреза. Кога ќе се извадат од печурката, материјалите потоа се обработуваат со рака.

- Advertisement -

Не само што овие чевли се вегански и органски, туку се и екстремно меки и по малку имаат старомоден изглед благодарение на контрастните бои кои се добиваат благодарение на тоа што се користат двете страни од печурката. Освен тоа, материјалот од печурката е антибактериски, антисептички и без никакви хемикалии.

Сподели!
- Advertisement -