Србија го направи првиот српски универзален полнач за електрични возила

- Advertisement -

Институтот во Стара Пазова за развој на елеколошка енергија заедно со водечки српски експерти од Електротехничкиот факултет успеа да го конструира и да го подготви за сериско производство првиот универзален полнач за електрични возила.

Двете предности на овој полнач се тоа што и софтверот и хардверот се домашен производ, а може да ги полни сите постојни марки електрични возила со заштеда на енергија и лесно прилагодување на домашната електромрежа. Полначот е двојно поевтин од кој било увезен полнач.

- Advertisement -

„Ние развиваме полначи кои се стандардизирани по европски стндарди, но компатибилни со американски и јапонски стандарди. Тоа значи дека тој полнач можеме да го извезуваме исто како електричните автомобили во цела Европа и во целиот свет“ објаснува Славко Вујовиќ од Институтот од Стара Пазова.

Сподели!
- Advertisement -