Германија е најиновативната земја во светот!

- Advertisement -

Германија моментално е на лидерската позиција според иновативноста, а сето тоа благодарение на брзината со која развива нови технологии за автономните автомобили. Според последниот извештај за конкурентност на Светскиот економски форум, Германија е најиновативна економија во светот со оценка 87,5 од вкупно 100.

Земјата ја надмина САД, која е најконкурентната економија во светот. САД сега е на второ место според иновативност со оценка 86,5, а Швајцарија ја зазема третата позиција со оценка 82,1. Според новиот индекс, брзината со која земјите прифаќаат нови идеи, методи и производи ќе им даде конкуретнтна предност во Четвртата индустриска револуција.

- Advertisement -

Според најновиот извештај на Светскиот економски форум, повеќе не е доволно да се користат само традиционални начини на раст и приходи, да се биде ефикасен и да се кратат трошоците. Наместо тоа, земјите кои најбрзо преминуваат од генерирање идеи до комерцијализација на нови производи во еден плоден екосистем на иновации ќе бидат и најпродуктивни.

- Advertisement -

Иновативниот екосистем, се мери според пет подстолбови: Комерцијализација, Интеракција и диверзитет, Административни потреби, Истражување и развој и Претприемничка култура. Но, и други фактори од типот на усвојувањето на ИКТ, квалитетот на образованието и интензитетот на конкуренцијата влијаат на способноста на една земја да иновира.

Генерално, побогатите земји имаат подобри оценки во сите столбови затоа што имаат поразвиени иновативни екосистеми. Супериноваторите Германија и САД се издвојуваат од останатите иноватори како Кореја и Јапонија како „помеки“ двигатели на иновациите, но ниедна земја не е совршен иноватор и има уште предизвици кои треба да се совладаат за да се искористат можностите кои ги носи Четвртата индустриска револуција.

- Advertisement -

Лидерската позиција на Германија се должи првенствено на бројот на идеи кои ги генерира, од кои најголем дел се за автомобилската индустрија. Компаниите таму постојано се потткинуваат да иновираат, а иноваторите имаат поддршка од бизнис секторот за да ги донесат своите производи на пазарот. За да го постигне тоа, Германија троши 2,9% од БДП на истражување и развој. Додека некои влади поради глобалната криза ги скратија трошоците за истражување и развој, Германија ги зголеми финансиите за малите и средните компании и за проектите за е-мобилност.

Оваа посветеност на истражување и развој значи дека германските производители на автомобили сега ја кројат иднината. Во 2017 година во Германија биле поднесени 2.633 патенти за беспилотни автомобили.

Сподели!
- Advertisement -