Реплика на познатиот брод со трагична судбина „Титаник“ ќе тргне на своето прво двонеделно патување од Дубаи во 2022 година. После тоа ќе продолжи со редовни патувања по истата рута по која пловел оригиналниот „Титаник“ – од Саутемптон до Њујорк. Бродот ќе го носи името „Титаник 2“ и ќе биде во сопственост на компанијата Blue Star Line.
Според претседателот на познатиот бренд, Клајв Палмер, проектот е малку одложен, но првото патување секако ќе почне од дубаи. „Секако дека ќе пловиме од Дубаи. По пловидбата од пристаниште до Сингапур, ќе направиме двонеделно патување од Дубаи до Саутемптон“ изјави Палмер.
Годината 2022 е избрана затоа што тогаш е 110-годишнина од денот кога „Титаник“ удри во санта лед и потона вo Атлантикот. Според Палмер, се на бродот ќе биде рекреирано како на оригиналниот брод.
„Blue Star Line ќе направи автентично искуство со ’Титаник‘. На патниците ќе им понудиме брод кој го има истиот ентериер и изглед како оригиналниот брод, но ќе примениме модерни процедури за безбедност, модерни методи на навигација и технологија од 21 век за да обезбедиме највисоко ниво на луксузен комфор“ додаде Палмер.
Се прашувате како ќе се снаоѓа „Титаник 2“ кога ќе наиде на санта лед? Целосно ќе ги избегнува – новиот брод ќе патува од Саутемптон до Њујорк само преку лето. Според оригиналните планови, на бродот ќе може да се сместат 2.400 патници и 900 членови на екипажот. За споредба, оригиналниот „Титаник“ имал капацитет од 1.400 патници и 900 челнови на екипажот.