Денеска од 12 часот во склоп на Саем на градежништво и Технома Skopje Fair, во vip Arena Борис Трајковски ќе се одржи дебата на која ќе дознаете како да инвестирате во енергетско-ефикасни технологии во домот и да си вратите до 20% од инвестицијата.
Говорници ќе бидат:
– Игор Панчевски, технички експерт за Македонија и Косово на проектот EBRD GEFF in Macedonia
– Ведрана Вељаноска, Сениор специјалист за развој на производи/одговорно лице за застапување во осигурување, Ohridska Banka Societe Generale
– M-r Васил Цицонков, управител на Energija Toshiba Carrier и застапник на TOSHIBA CARREIR HAIER за Македонија
GEFF – Програмaта за Финансирање на Зелената Економија на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), за финансирање на енергетско-eфикасни технологии. Програмата е намената за сите оние кои градат нови фамилијарни куќи или ги реновираат своите станови или куќи. Во програмата се вклучени 11 технологии и преку 3.000 производи кои се високо ефикасни, како што се прозори, изолација, соларни панели, гасни бојлери, котли на биомаса и др. Дознајте директно од експертите како може да си вратите 15% од инвестицијата ако инвестирате во една техологија, или до 20% ако инвестирате во две или повеќе технологии.
Претставници од Ohridska Banka Societe Generale ќе ве информираат кои се чекорите за да аплицирате за кредит, и ќе презентираат успешни примери кои до сега се реализирани.
Претставник од една од компаниите вклучени во проектот – ЕНЕРГИЈА, која истовремено е застапник на TOSHIBA CARREIR HAIER за Македонија ќе објасни колку едноставно е да станете дел од проектот како фирма која продава енергетско-eфикасни технологии. Исто така, ќе информираат за тоа колку производи се продадени во Македонија преку оваа програма.