- Advertisement -
Google во последните две години поради сексуално вознемирување отпушти 48 вработени, вклучувајчи и 13 на висока позиција, напиша генералниот директор на компанијата, Сундар Пичаи, во интерен документ упатен до вработените. Директорот напиша дека никој од отпуштените не добил надомест за заминувањето од компанијата.
Истовремено, весникот New York Times во едно истражување објавено пред некој ден пишува дека Google заташкал повеќе случаи на вознемирување кои се однесуваат на високи фунцкионери во компанијата, меѓу кои и креаторот на мобилниот систем Android, Енди Рубин.
- Advertisement -