Умира класичниот компјутер, се затвора последната европска фабрика за PC

- Advertisement -

Последната европска фабрика за лични и преносни комјутери на југот на Германија ќе биде затворена во 2020 година, најави јапонскиот сопственик Fujitsu

Затворањето на фабриката во Аугсбург ќе влијае на сите 1.500 работници во таа фабрика, потврди портпаролот на компанијата, а во опасност е уште 300 работни места во кооперантските германски фирми. Со овој потег јапонската компанија во целост ќе го згасне производството и монтажа на компјутери во Германија. Развојот на производи, завршната монтажа и логистиката ќе бидат целосно преселени во Јапонија. Од компанијата истакнуваат дека германската фабрика во која се произведуваат преносни компјутери и уреди за складирање податоци е последна од ваков тип во Европа. Поради консолидација на индустријата за персонални компјутери останаа само неколку погони кои произведуваат  вакви уреди. На пазарот уште се присутни американски Apple, Dell и HP, а доминираат компании од источна Азија вклучувајќи ги тајвански Acer  и Asus, кинески Lenovo и јужнокорејските Samsung и LG.

Класичниот пероснален компјутер со тастатура е вид кој е во изумирање. Продажбата на овие уреди нагло опаѓа затоа што потрошувачите се свртени кон таблети и други мобилни уреди.

- Advertisement -

 

 

Сподели!
- Advertisement -