ВИДЕО: Англија ќе засади 10 милиони дрвја во борба против климатските промени!

- Advertisement -

Обединетото Кралство, односно Англија ќе засади 10 милиони дрвја во борба против климатските промени, за да се залови испуштетниот јаглерод диоксид во атмосферата и да се зголемат зелените површини. Земјата ќе потроши 50 милиони фунти за да им плати на сопствениците на земјиштето да посадат нови дрвја, но ќе мора да направи и патеки за луѓето да можат да дојдат до новите шуми.

Ќе бидат засадени и 100.000 дрвја во градови. Добротворната организација Thе Woodland Trust вели деа ова е добар почеток, но на Англија и требаат многу повеќе дрвја. Во минатото земјата посветуваше многу малку внимание на пошумувањето, па само 10% од нејзината површина отпаѓа на шуми. Тоа е многу малку во споредба со просекот во другите европски земји – 35%. Колку за споредба, во периодот 2017-2018 година Шкотска посадила осум пати повеќе дрвја отколку Англија.

- Advertisement -

The UK is planting 10 million trees across England

Trees currently cover just 10% of England, compared to 35% of Europe on average. Learn more about the UK planting trees: https://wef.ch/2N1kTbo

Posted by World Economic Forum on Среда, 31 октомври 2018

Сподели!
- Advertisement -