Шеста конференција во организација на Ерсте Банка и Шпаркасе Банка Македонија

- Advertisement -

Шеста година по ред, во организација на Ерсте Банка и Шпаркасе Банка Македонија, во хотелот „Александар палас“ се одржа конференцијата „Erste Investors’ Breakfast“. Настанот претставуваше можност на едно место да се сретнат претставници од домашниот финансиски сектор со финансиски аналитичари и експерти од регионот, кои ги разменија своите искуства и видувања за актуелните трендови во финансискиот свет, глобално, регионално, како и со посебен осврт за Р. Македонија.

На конференцијата присуствуваше и министерот за финансии г. Драган Тевдовски, кој заедно со претседателот на Управниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија, г. Глигор Бишев, ја отворија конференцијата со свои воведни излагања. Главниот економист на Народната банка на РМ, г-ѓа Анета Крстевска, зборуваше за монетарната политика и за макроекономските превидувања за Р. Македонија, додека за актуелните состојби во однос на криптовалутата и нејзината иднина говореше специјалистот на Thomson Reuters, г. Иван Илековиќ. Во останатиот дел од конференцијата, експертите и аналитичарите од Ерсте Групацијата, како и реномиран претставник од Министерството за финансии на Р. Македонија, беа дел од трибината на темата „Приказ на големите пазари“.

- Advertisement -

„Се надеваме дека на денешниот шести по ред Erste Investors’ Breakfast на нашите колеги од финансиската фела им овозможивме во една помалку формална атмосфера да ги разменат видувањата за актуелните случувања во светот на финансиите и бизнисот, за годината што изминува, како и за плановите за развој во наредниот период. Како и секоја година ни претставува огромна чест и задоволство да бидеме домаќини на овој значаен настан во Р. Македонија и заедно со стручните аналитичари од Ерсте Групацијата да ги искажеме нашите препораки за справување со глобалните и со локалните предизвици што влијаат врз одржувањето на стабилна монетарна политика и стабилните услови за инвестирање во земјата и во регионот“ – изјави г. Борче Шулески, директор на Секторот за управување со средства во Шпаркасе Банка Македонија.

- Advertisement -

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Ерсте и Шпаркасе Групацијата, која се состои од 49 штедни банки со речиси 2 века постоење на финансискиот пазар во Република Австрија. Воедно, таа е една од најсилните банкарски групации во Европа, која со својата долгорочна стратегиска ориентација кон регионот на Западен Балкан придонесува и Шпаркасе Банка Македонија да претставува доверлив партнер за своите клиенти. Заедно со банките ќерки во Австрија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија и во Црна Гора, таа е дел од сеопфатните банкарски мрежи во регионот – Штаермеркише Шпаркасе, која со својата билансна сума од 15 милијарди евра, 2.751 вработен и 233 експозитури и регионални центри опслужува околу 702.414 клиенти во земјите од регионот на Југоисточна Европа.

Сподели!
- Advertisement -