Royole е првата компанија која направи вистински еластичен смартфон

- Advertisement -

Телефоните со екрани кои се свиткуваат со години се најавуваат, но освен некои концепти и прототипови, се уште нема ниеден таков смартфон кој може да се купи. Корпорацијата Royole веројатно ќе ја добие оваа трка и наскоро ќе го претстави својот телефон кој се свиткува FlexPai. Телефонот има големина на таблет, а може да се превитка до големина од лист од мало тефтерче.

Оред да се понадевате дека конечно почнува ерата на смартфони со екран на превиткување, погледнете го видеото подолу. Изгледа се уште е рано за да почне таа ера. Најпрвин, овој телефон не се превиткува до рамна површина, туку горниот дел е подуван. Исто така, софтверот изгледа „се збунува“ кога екранот е превиткан, а на екранот треба да допрете неколку пати додека да се изврши некоја функција.

- Advertisement -

Што се однесува на спецификациите на телефонот, има процесор Snapdragon 8, а цената се очекува да биде околу 1.300 долари за модел со 6GB RAM. Нарачките започнаа вчера, а се очекува првите телефони да бидат доставени во декември. FlexPai наскоро ќе добие сериозна конкуренција од Samsung, кој идната недела на својата девелоперска конференција треба да го претстави својот уред, а LG и Huawei исто така развиваат свои паметни телефони со екран кој се превиткува.

Сподели!
- Advertisement -