Include, хрватската компанија која за само три години стана креатор на украсот на плоштади, улици и паркови, со повеќемилионски инвестиции во развојот на нови технологии успешно пласираше дури шест модели на паметната клупа Steora на глобалниот пазар
Денес освен полнење на уреди, Wi-Fi систем и ноќно осветлување, клупите Steora овозможуваат и надзор над јавните површини со напредни камери или дигитално огласување преку LCD екран со користење технологија за препознавање минувачи и се пуштаат реклами во зависност од минувачите. Dashboard на паметните клупи Steora е најнапредниот Smart City систем за управување и надзор на паметни производи во јавни простори, а за квалитетот на системот доволно зборува тоа дека е имплементиран во решенија на водечки глобални телеком групации.
За само три години компанијата успешно инсталираше повеќе од 900 паметни клупи Steora на 40 глобални пазари во повеќе од 250 градови. Само во 2018 година 1,5 милиони корисници користеле Wi-Fi систем преку паметните клупи, а повеќе од 250.000 луѓе ја користеле за полнење на батерија на телефон.
Во изминатите 12 месеци со активно истражување на пазарот и потрага за инспирација за нов производ забележан е тренд на силен пораст на продажбата на електрични велосипеди и раст на циклотуризмот, особено во Европа. Истовремено се појавува предизвик за полнење на сите електрични велосипеди во урбаните средини, како и недостиг на електрификација на велосипедските патеки во руралните средини. Вредноста на пазарот за циклотуризам во Европа се проценува на повеќе од милијарда евра, а државите како Велика Британија и Германија годишно издвојуваат повеќе од 100 милиони евра за опремување на велосипедски патеки.
Како одговор на предизвиците на модерниот циклотуризам Include го направи својот нов green tech производ – Monna Cycling Point, кој за прв пат беше претставен на најголемиот Smart City саем во Барселона. Monna е дизајнирана како технолошко решение наменето за урбаните и руралните средини на локации без електрична енергија. Покрај функциите за полнење на уреди, Wi-Fi систем и ноќно осветлување, Monna со посебно дизајнираните соларни панели овозможува полнење на електрични велосипеди и компресор и алат за поправање велосипеди. Има вградено сензори за собирање и анализа на податоци преку Dashboard за бројот на велосипеди, оперативноста на различните компоненти и атмосферските услови (температура, влажност) итн.
Monna претставува иновација на Smart City пазарот со комбинација на урбан мебел, IoT и соларна енергија за нови GreenTech решенија. Првите позитивни реакции и исклучително големиот интерес на посетителите на саемот Smart City во Барселона покажуваат дека овој производ сигурно ќе ги пронајде своите купувачи и корисници на глобалниот пазар.