Десет одлични веб страници кои нудат бесплатна едукација за бизнис лидерите (1 дел)

- Advertisement -

Треба да имате отворен памет за учење нови работи и да бидете флексибилни за да бидете успешен и силен лидер. Без разлика дали сте бизнисмен во корпорација или сте претприемач, мора да научите како да водите една компанија додека се едуцирате себеси како да работите дигитален маркетинг, ИТ, човечки ресурси истовремено.

Доколку го немате тој луксуз да си платите или немате време за формални часови, Интернетот има еден куп висококвалитетни едукативни ресурси кои ќе ве опремат со се што ви треба за водење бизнис. Еве листа со топ 10 веб стајтови за таа намена според Inc.com.

- Advertisement -

1. Coursera – Coursera постојано е добар ресурс за сите универзитетски работи. Годинава повеќе универзитети почнаа да нудат онлајн отворени курсеви бесплатно. Можете да земете, на пример, курс „Успешно преговарање: Основни стратегии и вештини“ од Универзитетот Колумбија или да учите менаџмент од Школата Вортон на Универзитетот Пенсилванија.

2. University System of Georgia’s Six Sigma Online Courses – Six Sigma е популарно место за курсеви на повеќе онлајн провајдери на едукација и биснис професионалците ги опремува со ефикасни техники за менаџмент. University System of Georgia нуди специјалзирани курсеви по стратешки менаџмент преку Coursera.

- Advertisement -

3. EDX – Како и Coursera, EDX има склучено партнерство со двата униерзитети и други неакадемски институции за да понуди курсевкои таргетираат специфични области од бизнисот кои ве интересираат. Имате избор од повеќе теми и курсеви, па вреди да се посети овој сајт.

4. HarvardX – Во партнерство со EDX, Универзитетот Харвард ги опремува студентите од целиот свет со масицни отворени онлајн курсеви. Висококвалитетните курсеви најчесто се бесплатни, но можете да изберет и да добиете сертификат за мала сума.

- Advertisement -

5. Udemy – Доколку сакате вашиот бизнис да го достигне тоа ниво што сте го замислиле, мора да поставит јасни цели. Udemy нуди неколку курсеви кои ќе ви помогнат да навлезете во правењето стратегии, посебни алатки и принципи врзани за поставување структурирани цели и проценка на изводливоста на целите.

 

Сподели!
- Advertisement -