Хрватската компанија која произведува паметни клупи, претстави greentech решение за електрични велосипеди

- Advertisement -

Include, хрватската компанија која за само три години стана креатор на украсот на плоштади, улици и паркови, со повеќемилионски инвестиции во развојот на нови технологии успешно пласираше дури шест модели на паметната клупа Steora на глобалниот пазар

Денес освен полнење на уреди, Wi-Fi систем и ноќно осветлување, клупите Steora овозможуваат и надзор над јавните површини со напредни камери или дигитално огласување преку LCD екран со користење технологија за препознавање минувачи и се пуштаат реклами во зависност од минувачите. Dashboard на паметните клупи Steora е најнапредниот Smart City систем за управување и надзор на паметни производи во јавни простори, а за квалитетот на системот доволно зборува тоа дека е имплементиран во решенија на водечки глобални телеком групации.

- Advertisement -

За само три години компанијата успешно инсталираше повеќе од 900 паметни клупи Steora на 40 глобални пазари во повеќе од 250 градови. Само во 2018 година 1,5 милиони корисници користеле Wi-Fi систем преку паметните клупи, а повеќе од 250.000 луѓе ја користеле за полнење на батерија на телефон.

Во изминатите 12 месеци со активно истражување на пазарот и потрага за инспирација за нов производ забележан е тренд на силен пораст на продажбата на електрични велосипеди и раст на циклотуризмот, особено во Европа. Истовремено се појавува предизвик за полнење на сите електрични велосипеди во урбаните средини, како и недостиг на електрификација на велосипедските патеки во руралните средини. Вредноста на пазарот за циклотуризам во Европа се проценува на повеќе од милијарда евра, а државите како Велика Британија и Германија годишно издвојуваат повеќе од 100 милиони евра за опремување на велосипедски патеки. 

- Advertisement -

Како одговор на предизвиците на модерниот циклотуризам Include го направи својот нов green tech производ – Monna Cycling Point, кој за прв пат беше претставен на најголемиот Smart City саем во Барселона. Monna е дизајнирана како технолошко решение наменето за урбаните и руралните средини на локации без електрична енергија. Покрај функциите за полнење на уреди, Wi-Fi систем и ноќно осветлување, Monna со посебно дизајнираните соларни панели овозможува полнење на електрични велосипеди и компресор и алат за поправање велосипеди. Има вградено сензори за собирање и анализа на податоци преку Dashboard за бројот на велосипеди, оперативноста на различните компоненти и атмосферските услови (температура, влажност) итн.

Monna претставува иновација на Smart City пазарот со комбинација на урбан мебел, IoT и соларна енергија за нови GreenTech решенија. Првите позитивни реакции и исклучително големиот интерес на посетителите на саемот Smart City во Барселона покажуваат дека овој производ сигурно ќе ги пронајде своите купувачи и корисници на глобалниот пазар.

Сподели!
- Advertisement -