Актива од Штип ги испрати првите колички за транспорт за FedEx и DHL

- Advertisement -

Штипска Актива утре ги испорачува првите колички за транспорт на авионските пратки кои ќе бидат инсталирани на аеродромите во Лондон. Според Иле Николов, директор, се работи за испорака на првите сто од вкупно осумстотини вакви производи кои се испорачуваат преку FAST – GLOBAL, а се договорени со американските светски познати компании FedEx, DHL и други.

Првите сто колички се наменети за Англија, за аеродромите во Лондон а купувач е FedEx.

- Advertisement -

Како што во интервјуто за последен број на Штипски Глас појасни директорот Иле Николов, ова е дел од програмот за американската компанија FAST – GLOBAL. Се работи за програма која опфаќа изработка на опрема за транспорт на брзи пратки и обични патнички торби како и останати делови кои се транспортираат авионски во форма на копички и вагонетки. Овие производи ќе функционираат на голем број аеродроми во светот. За таа потреба во тек на изградба се две хали од по 10.000 метри квадратни.Првата хала е за проширување на производството, а втората за инсталација на нова, најсовремена технологија за антикорозивна заштита на производите на Актива ДОО Штип.

Извор-www.istokpress.mk

Сподели!
- Advertisement -