Роса школо за родителство отворена во Поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје

- Advertisement -

Во рамките на партнерскиот проект на Пивара Скопје и Министерството за здравство, денес официјално беше отворено првото Роса школо за родителство во Поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје

На денешната прес-конференција беше најавено отворање и на уште две Роса школи за родителство до крајот на годината, и тоа во Општата болница во Гостивар и во Клиничката болница во Битола.

 

- Advertisement -

Овие Роса школи се наменети за сите заинтересирани идни родители и членови на нивните семејства, со цел да се охрабрат за одговорно и успешно родителство, но и за да се едуцираат како да се справат со секојдневните предизвици што ги носат нивните нови улоги.

Од Пивара Скопје истакнаа дека овој проект е од исклучително значење за нив како компанија, чија определба е да биде долгорочен партнер на целата заедница, а истовремено најавија дека и во иднина ќе продолжат да дејствуваат во насока на подобрување на условите за сите идни родители.

- Advertisement -

 

Верувам дека преку овие Роса школи за родителство ќе успееме да направиме чекор напред кон подобрување на добросостојбата на сите идни родители, но и на здравството воопшто, како еден од најзначајните сегменти во општеството. Наша искрена цел е овој проект да премине во долгорочен и да продолжи да живее и во наредните години, со цел да им овозможиме на поголемиот број граѓани ширум Македонија да имаат современ и модерен пристап кон спокојно родителство“, изјави Владимир Косијер, генерален директор на Пивара Скопје.

- Advertisement -

На прес-конференцијата се обратија и министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, како и директорот на Здравствен дом ‒ Скопје, г. Злате Мехмедовиќ, кои, исто така, ја потенцираа важноста од ваков тип школи за родителство, како исклучително функционален и ефикасен облик на групни здравствено-воспитни работилници.

 

„Искрено, драго ми е што Пивара Скопје вистински ја покажува својата општествено-одговорна практика и во здравството, особено што допираме до родителството, како исклучително значајна категорија. Во овој проект влегуваме партнерски, со тоа што ние, како Министерството за здравство, ќе ги обезбедиме експертската помош и стручниот кадар од лекари специјалисти што ќе работат во сите три школи, со што сметам дека заедно ќе успееме да одговориме на сите можни прашања поврзани со родителството и ќе успееме да направиме позитивна разлика за општеството“, изјави доц. д-р Венко Филипче, министер за здравство.

 

„Во Роса школото за родителство ќе работи обучен и стручен тим составен од педијатар, гинеколог акушер и патронажна сестра, кои преку многубројни работилници, организирани во 5 тематски целини, ќе обучуваат за успешно родителство, за текот на бременоста и нега на трудниците, како и за подготовките за породување, негата и исхраната на новороденчето. Истовремено, би сакал да упатам и апел до сите заинтересирани да се пријавуваат во оваа поликлиника, бидејќи предвидените обуки навистина носат големи бенефити за родителството“, рече Злате Мехмедовиќ, директор на Здравствен дом ‒ Скопје.

Инаку проектот „Роса школи за родителство“ е резултат на шестмесечната кампања преку која беше издвоен по 1 денар од секое продадено шише вода „Роса“ од 1,5 л, а средствата беа наменети за комплетно реновирање и опремување на три простории во здравствените институции наменети за Роса школите за родителство.

Сподели!
- Advertisement -