Презентација на најголемиот регионален саем за вино Wine Vision by Open Balkan

- Advertisement -

Во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во тесна соработка со ресорните министерства на Србија и Албанија, денеска во Клубот на пратеници во Скопје ќе се одржи презентација на најголемиот регионален саем за вино и успешна винска приказна Wine Vision by Open Balkan.

Како што најавија од МЗШВ, на презентацијата се предвидени свечени обраќања на премиерот Димитар Ковачевски и министрите за земјоделство на трите држави членки на Open Balkan.

- Advertisement -

Wine Vision by Open Balkan е најголемиот регионален саем за вино и е дел од иницијативата Отворен Балкан. Саемот служи како платформа за подобро позиционирање на балканските вина на светската сцена.

Моментално на саемот учествуваат над 350 изложувачи од 22 нации и има над 30.000 посетители. Саемот по прв пат беше стартуван минатата година во оваа форма и веднаш стана битна институција во регионот.

Сподели!
- Advertisement -