Мајкл Лудвиг, градоначалник на Виена и Питер Банке, градски пратеник за економија и дигитализација, на Техничкиот универзитет во Виена ги претставија плановите за наредниот период за главниот град на Австрија да стане дигитална престолнина на Европа. Првите конкретни проекти ќе се применуваат во здравството, образованието и административната рационализација.
„На почетокот на својот мандат најавив дека Виена ќе ја направиме дигитална престолнина на Европа. Дигитализацијата е развој кој би требало да му служи на човекот и затоа мора да го обликуваме. Ние тоа во Виена го правиме со луѓето, без оглед на тоа колку се млади или стари. За најдобриот град по квалитетот на живот тоа значи дека сите мора да имаат предност“ изјави Лудвиг.
Ханке вели дека ефикасните и поедноставени административни структури се многу битни, било да се работи за намалување на трошоците или заштеда на време. Тие сакаат што повеќе да ги искористат можностите кои ги нуди технологијата.
Виена во стратегијата за дигитализација си има поставени пет цели:
1. Сите мора да имаат пристап до предностите на дигитализацијата: млади, стари, на работа или во приватен живот, големи и мали компании, секој во градот мора да има корист од дигитализацијата.
2. Дигитализацијата му служи на човекот, а не обратно. Дигиталните производи, било да се имплементирани на паметни телефони, компјутери или куќни апарати, мора да им го поедностават животот и да ги направат побезбедни.
3. Унапредување на дигитализацијата заедно со луѓето. Градот сепотпира на соработка со партнери и со жителите на Виена. На постарите луѓе посебно треба да им се помогне преку конкретни предности за да се намали скептицизмот во градот.
4. Да се гради на постојните предности и да се доразвиваат. Виена за стратегијата за дигитализација „Digital Agenda Vienna“ прогласен за најдигитализиран град. Градот воведе услуги како што се WienBot, апликацијата Sag’sWien и апликацијата Ѕtadt Wien live-App. На тоа треба дополнително да се гради.
5. Дигитализацијата штеди пари. Дигитализацијата може да ги приближи градските услуги до луѓето и да ги направи поефикасни. Виена е глобално мерило за услугите. Овие услуги треба да бидат побрзо и полесно ставени на располагање. Тоа исто така ќе штеди пари кои може да се користат за нови проекти.