Добротворната организација Orange Sky Laundry од Австралија почна да се шири на глобално ниво по брзиот пораст на побарувачката за нивните услуги. Организацијата е основана во 2014 година од двајцата пријатели Ник Маркези и Лукас Пачет, а на бездомниците им овозможува бесплатно бањање и бесплатно перење на алиштата. Со работа почнале со едно комбе во кое ставиле машина за перење и за сушење алишта. Сега имаат 27 Orange Sky комбиња во Австралија, а за нив работат волонтери.
Во Австралија има околу 116.000 бездомници. Правото на хигиена е едно од основните човекови права и тоа е она што ги мотивирало двајцата пријатели да почнат со работа. Сепак, услугите што им ги нудат не им помагаат на бездомниците само да одржуваат хигиена.
„Не им проповедаме ништо, не ги учиме ништо, не ги тераме да прават ништо. Но, алиштата се перат и се сушат за околу еден час, а за тоа време ние се дружиме со нив. Тогаш почнуваат интересни разговори“ велат двајцата пријатели.
Социјалната димензија на услугите можеби не е најочигледниот бенефит за бездомниците, но можеби е најбиниот. „99% од денот овие луѓе се одминувани и игнорирани. Некои дури не ги ни погледнуваат, а тоа може да има навистина лош ефект за психата и чувството на вредност. Затоа ние сборуваме со нив и има даваме нешто практично што веднаш им помага да бидат посамоуверени“ објаснуваат од Orange Sky Laundry.
Според фондацијата Homeless World Cup Foundation, во 2015 година 1,6 милијарди луѓе во светот немале дом. Во 2005 година, последниот пат кога Обединетите нации направиле анализа на бездомниците во светот, имало околу 100 милиони бездомни луѓе во светот. Тоа значи дека за само десет години бројката на бездомници се зголемила за 16 пати.