Хрват откри потенцијален лек за рак на бели дробови

- Advertisement -

Два неодамна одобрени лекови за леукемија би можеле да бидат и потенцијални лекови за рак на бели дробови кој е отпорен на други терапии. Таа вест е посебно интересна затоа што првите клинички тестирања на еден од наведените лекови ќе се вршат во Загреб и во Торонто.

Станува збор за лекови чија способност за лечење на рак на бели дробови ја открија научници од Универзитетот на Торонто, предводени од Хрватот Игор Штаљар, професор по молекуларна генетика и биохемија. До откритието дошле користејќи сопствена развиена метода која се применува на живи клетки и препознава мали молекули кои таргетираат специфични мутации во клетките на ракот.

- Advertisement -

Отпорноста на лекови е голем проблем за пациентите заболени од рак на бели дробови. Нивната нова технологија им овозможува да најдат молекули кои може да се искористат против канцерогените клетки за кои не постои ниедна друга достапна терапија.

Тимот на Штагљар открил дека „глитеритиниб“ и „мидосатурин“, два веќе одобрени лекови за леукемија, се потенцијална терапија за пациентите болни од рак на бели дробови кои имаат трикратно мутиран рецептор за епидермалниот фактор на раст (EGFR).

- Advertisement -

EGFR е рецептор на површината на клетките кој го регулира нивното размножување и припаѓа на класата протеини рецептори тирозин-киназа. Онкогените мутации тој рецептор го прават премногу активен и поттикнуваат размножување. Во случајот со пациентите болни од таков облик на рак, тоа значи агресивно ширење на болеста.

„Глитеритиниб“ е првиот лек кој ќе се тестира, а ако се покаже ефикасен, може да биде вклучен во стандардната терапија.

Сподели!
- Advertisement -