Денеска почнува шестата Студентската конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој – СКЕОР во организација на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Четиридневната конференцијата ќе биде отворена на 04.12.2018 (вторник) со почеток во 10 часот во Амфитетарот на ФЕИТ. На отворањето на конференцијата ќе се обратат: професор д-р Димитар Ташковски, декан на ФЕИТ, професор д-р Љубица Јанчева, претседател на Собранието на Град Скопје, професор д-р Маргарита Гиновска, координатор на СКЕОР и Ангела Најдоска, претседател на Организационен одбор
По шести пат, студентите на ФЕИТ и стручната јавност низ 50-тина студентски трудови, пленарни предавања од компании и предавња на наши и странски професори ќе дискутираат за енергетската ефикасност и одржливиот развој.
Самата конференција претставува мост меѓу професионалците и студентите кои заеднички работат на наоѓање решенија за одржлив развој и зелена иднина, наведуваат од Организациониот одбор на СКЕОР.