Oфицијално започна виртуелниот Самит Македонија 2025

- Advertisement -

Денеска официјално започна 9-то издание на Самитот Македонија2025 во хибридна/ виртуелна форма, со воведни поздравни обраќања од страна на Вера Ставроф, претседавач на Одборот на директори на Македонија2025 и Никица Мојсоска Блажевски, главен извршен директор на Македонија2025.

„Ви посакувам топло добредојде на 9-то издание на Самитот Македонија2025. Ова е тешка година за секого, но сепак решивме да ја испочитуваме традицијата, иако во различен, виртуелен формат. Во овој период, пандемијата на Covid-19 и здравствената/ економска криза низ светот, се неизбежна тема на сите дискусии, но целта на Самитот е зголемен фокус кон заздравување на економиите, економските реформи, како и претставување на успешните примери и најдобрите практики кај компаниите од земјава и светот.посочи Вера Ставроф, претседавач на Одборот на директори на Македонија2025.

- Advertisement -

Никица Мојсоска Блажевски, главен извршен директор на Македонија2025 во воведниот говор потенцираше Сакам да повторам една фраза или мисла која стана мото на нашата органзиација, а се надеваме дека ќе стане мото на сите лидери во земјава: Не е важно дали се движиме лево или десно, туку НАГОРЕ или НАДОЛУ. Ни посакувам на сите успешен Самит, инспирирачки дискусии и дебати, можност за поврзување и учење. Да покажеме дека знаеме, дека имаме желба и дека можеме  да ги надминеме бариерите на тековната здравствена и економска криза и да зборуваме за иднината. Економскиот раст не се случува во вакуум. Нашите одлуки и активности денес ја обликуваат нашата иднина и иднината на нашите деца. Да носиме правилни одлуки.“

Панел- дискусијата „Светот за време на криза: Економски реформи и глобални односи во ЈИЕ“ се осврна на влијанието на Ковид-19 врз локалната, глобалната економија и можностите за економско заздравување, а на истата учествуваа H.E. Зоран Заев, Претседател на Влада на Република С. Македонија, Н.Е. Кејт М. Брнз, Амбасадор на САД во С. Македонија и H.E. Дејвид Гир, Амбасадор на ЕУ во С. Македонија.

- Advertisement -

Исто така, во склоп на денешната програма, се одржа и бизнис интервју под наслов Привлекување странски директни инвестиции: Како да имате корист за време на пандемијата“, каде зборуваа Дејвид Ист, Раководител на СДИ и стратегија за производи, Биро ван Дијк – Мудис, кој беше интервјуиран од страна на Виктор Мизо, Член на Одборот на директори на Македонија2025

Самитот во следните два дена ќе биде исполнет со инспиративни интервјуа, разговори со врвни бизнисмени, лидери, носители на политики и признати професионалци од областа на медицината.

Сподели!
- Advertisement -