Македонска иновација: аеросолен систем за гаснење пожар за помалку од секунда!

- Advertisement -

Аеросолниот систем на компанијата „Веда“ е македонска иновација за брзо гаснење на пожари. Се смета дека оваа технологија ќе биде основа на 50 отсто од сите системи за гаснење на пожари во светот. Таа е резултат на децениското искуство на сопственикот на „Веда“, Борис Јанковски и неговиот тим, во работењето во областа на млазната пропулзија

„Веда“ во моментов има седум вработени и поширок мултидисциплинарен тим на надворешни соработници, меѓу кои и 15 доктори на науки, со кои соработува во реализацијата на повеќе иновативни проекти. Oвој тим има објавено преку 100 научни трудови на еминентни конгреси и симпозиуми во светот.

За последната од низата иновации- системот за брзо гаснење на пожари, веќе се изготвени и првите прототипови за идното индустриско производство!

- Advertisement -

(Разговараше – Сања Наумовска)

Г-дин Јанковски, објаснете ни подетално што е аеросолниот систем за гаснење пожари!

- Advertisement -


Аеросолниот систем за брзо гаснење на пожари се базира на цврста композитна супстанца, која по нејзиното иницирање се декомпозира, поточно согорува и произведува голема количина на гас. Хемискиот состав на гасните продукти делува антикаталитички на процесот на горење и за многу кратко време, најчесто за помалку од една секунда, го спречуваат пожарот. Во технологијата за гаснење на пожари брзината е најголемата предност, а тоа е првата и главна карактеристика на аеросолниот систем на „Веда“. Тој е направен по сите еколошки стандарди, не го оштетува озонскиот слој, не е токсичен, не прави прашина и се рециклира.

Овие карактеристики на аеросолниот систем за гаснење на пожари му обезбедуваат голем потенцијал и предност на светскиот пазар. Се смета дека 50 отсто од светските системи за гаснење во блиска иднина ќе се базираат на овој принцип. Тој овозможува потполна автоматизација на системот на гаснење, што е уште една голема предност. Тоа значи дека гаснењето започнува автоматски, системот самиот од себе се иницира, доколку е зафатен од пожар. Може да се иницира и со сензор кој регистрира дека некаде има оган. Постои можност и за мануелно активирање од страна на  човек кој може да го фрли уредот во огнот и да замине. Тоа е една од големите предности на нашето решение. Нема потреба луѓето да бидат во близина на пожарот и да се изложат на опасност од гушење. Процесот на гаснење е толку брз, што е суштински во спасувањето на човечките животи и материјалните добра.

- Advertisement -

[quote]Аеросолниот систем на „Веда“ е направен по сите еколошки стандарди, не го оштетува озонскиот слој, не е токсичен, не прави прашина и се рециклира.[/quote]

Каде сѐ може да се користи аеросолниот систем, и кој сѐ може да го користи?

Секаде каде што има ризик за појава на пожар, од најмалите електронски уреди, до големите електрични апарати, компјутерите, во автомобилите, домови, деловни објекти, фабрики…. Уредите можат да бидат од било која форма и големина, а може и да се вградуваат во апаратите. Сметам дека најважната примена ќе ја најде во индустријата, бидејќи на пазарот ќе понудиме систем кој гасне пожар што настанува внатре во индустриските машини.

Што е разликата меѓу овој систем и традиционалното гаснење на пожари?

Има повеќе разлики. Пред се`, за гасење на еден кубен метар простор зафатен од оган потребно е десет пати помала количина на супстанца. Цената на супстанцата е значајно пониска во однос на оние кои се применуваат во класичните системи. Понатаму, уредите за гасење не се под притисок, животниот век им е значајно подолг во однос на класичните системи, со што се намалуваат трошоците за одржување. Исто така, супстанцата за гасење, која се имитира во штитениот простор не е токсична за луѓето и животните и ги исполнува сите еколошки стандарди.

Аеросолните уреди го гаснат пожарот за момент, за дел од секундата. Направивме многу експериментални пожари, кои ги снимаме со телевизиска и ендоскопска камера во контролирани услови, кои покажаа дека аеросолниот систем функционира беспрекорно, дури и кај лесно запаливи материјали.

 

Каков беше патот кој го поминавте за да дојдете до едно вакво неверојатно иновативно решение?

Иновациите се наша континуирана активност во изминативе децении. Со нашата работа како инженери и во други области, го проверивме нашиот аеросолен систем за гаснење пожари и докажавме дека во потполност успеавме да создадеме ново и иновативен производ. Од моментот кога ја добивме првата идеја на оваат тема, до овој момент, кога сме пред почеток на производство, поминаа две децении.

Кога овј продукт ќе се појави на пазарот?

За приближно една година очекуваме да излезат првите производи. Веќе сме во последните подготвителни активности, обезбедена е локација за фабрика, а набавуваме и опрема. Веќе ги имаме и првите прототипови за производите кои ќе бидат наменети за светскиот пазар. За дистрибуција на производите на светскиот пазар во договор сме со неколку компании од повеќе земји во светот.

 

Остваривте и соработка со Фондот за иновации, објаснете ни за што се работи.

Соработката со Фондот, всушност, многу ни помогна бидејќи се појави во вистинскиот момент, кога компанијата беше зрела да почне со производство, но го немаше поминато тешкиот и скап процес на сертификација на производот. Парите кои ги добиваме од Фондот ќе ги искористиме да набавиме опрема, со која ќе можеме сами да си го сертифицираме производот. Се надевам дека ќе се избориме во иднина да бидеме и сертификациона лабораторија, што значи дека средствата ќе бидат искористени на најдобар можен начин.

Досега, со парите од Фондот набавивме 3Д печатач, со кој го креиравме дизајнот на идниот уред за гаснење пожар. Во процедура сме за набавка на потребната опрема со која ќе можеме да обезбедиме услови за поголем број сертификациони испитувања и да создадеме услови и други фирми од нашата земја дел од своите сертификациони испитувања ги извршат кај нас.

Сподели!
- Advertisement -