Овој паметен мал робот кој го собира во џеб е првиот робот во светот кој може да убива бактерии. Cleansebot има вкупно 18 сензори и 4 УВ ламби кои ги уништуваат микробите од каква било површина. Роботот тежи само 220 грама.
Cleansebot работи на батерии кои се полнат за четири часа, а со едно полнење може да работи максимум три часа. Знаете ли колку се валкани и полни со бактерии чаршафите и креветите во хотелските соби. Cleansebot можете да го спакувате и да го носите со себе каде и да одите и да бидете сигурни дека нема да добиете некоја заразна болест.
Моментално е во тек кампања на платформата за групно финансирање Kickstarter. Првичната цел на кампањата била да се соберат 3.00 долари, а на 16 дена до завршување на истата Cleansebot привлече вкупно 2.5000 поддржувачи и повеќе од 280.000 долари.
World's first bacteria killing robot
This smart robot cleans germs and bacteria on any surface. Available here: https://da83e0cf.kckb.st
Posted by Startup Selfie on Вторник, 18 декември 2018