Привршува изградбата на магистралниот гасовод од Штип до Неготино

- Advertisement -

Во завршна фаза е изградбата на магистралниот гасовод од Штип до Неготино. Делницата е долга 36 километри, а инвестицијата е скоро 16 милиони евра.

Тоа ќе значи голем бенефит за граѓаните и компаниите во овој регион. Изградбата на гасоводната мрежа низ Македонија почна да се одвива со забрзана динамика. Надминати се речиси сите проблеми и ако оваа година ги решававме експропријациите, веќе од следната година изградбата на терен ќе се случува со забрзано темпо, рече министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Паралелно се работи и на поврзување на гасоводот од Неготино со Кавадарци, Прилеп и Битола.

- Advertisement -

– Генерално ги надминавме сите пречки и сега засилено работиме на изградба на магистралите. Во следната година најавуваме уште позасилено темпо на работа и она што сме го зацртале ќе го реализраме, а тоа е гасот да го донесеме до сите домаќинства, соопшти директорот Реџепи.

Во буџетот за следната година во ставката за гасовод предвидени се близу 100 милиони евра. Министерството за економија ќе треба да формира работна група која бара најефикасен систем за дистрибуција низ земјата.

Сподели!
- Advertisement -