17. The Royal Suite, Hôtel Plaza Athénée – Париз
Цена: 21.600
Редизајниран во 2012 година, Royal Suite е во париски стил, со мебел од француските кралеви, ѕидови со тапети од 19 век и материјали како свила и златен конец. Исто така е најголемиот апартман во Париз со четири спални, четири бањи, две соби за цртање, канцеларија и кујна.
16. John Jacob Astor Estate, The St. Regis Maldives Vommuli Resort – Малдиви
Цена: 24.400 евра
Освен класичниот микс од вила, песок и море, овој апартман има нешто посебно – три спални соби со приватни простории како трпезарија, базен, кино, три соби за третмани, три луксузни бањи и 24-часовна услуга од батлер.
15. Peninsula Suite, The Peninsula Paris – Париз
Цена: 24.400 евра
Гламурот на Хонгконг и парискиот шарм се спојуваат во овој апартман во близина на Триумфалната капија – тај пинг килимите и модерниот мебел создаваат динамична мешавина од стилови.
14. Two Storey Sky Villa, Palms Casino Resort – Лас Вегас
Цена: 24.900 евра
Никаде на друго место нема да најдете бесконечен, стаклен базен освен во Лас Вегас. Two Storey Sky Villa има и сува сауна, 24-часовна услуга од батлер и стаклен лифт.
13. Amanyara Villa, Amanyara, острови Туркса и Кајкос
Цена: 25.500 евра
Amanyara Villa на островите Туркс и Кајкос е комбинација од внатрешен и надворешен декор – од црн инфинити базен, лежалки и надворешни тушеви и бањи до приватни готвачи, домари, колички за голф, природни резервати итн.
12. Sterling Suite, The Langham – Лондон
Цена: 26.600 евра
Ова е еден од најголемите и најскапите апартмани во Лондон. Преовладуваaт белата и златната боја со елементи од арт деко и источноазискиот стил, иако претежно е направен од британски мајстори.
11. The Royal Penthouse, Corinthia Hotel – Лондон
Цена: 26.600 евра
Од терасата на Royal Penthouse може да се види Биг Бен, црквата „Сент Пол“, Лондонското Око и Темза Доколку не ве одушеви погледот, има приватна спа, винска визба и фрижидер преполн со луксузна храна. Уметничките предмети се направени по нарачка од британски уметници и има изобилство на кадифе и свила.
10. Presidential Suite, St Regis – Њујорк
Цена: 27.700 евра
Овој апартман на прочуената Петта авенија има прозорци од кров до под кои гледаат токму на оваа авенија. Ги има и вообичаените работи кои ги нудат луксузните хотели како модерни бањеи, батлер, но она што е посебно е пристапот со флотата „бентли“ автомобили на хотелот.
9. The St. Regis Saadiyat Island Resort – Абу Даби
Цена: 28.300 евра
Горните два ката од ресортот припаѓаат на овој апартман со ентериер инспириран од Персискиот Залив. Белиот песок, школките, старите камења и дрвото од бродови кои доживеале бродолом се само некои елементи од дизајнот