Експертски совети што би требало да направиме за да живееме поздраво!
Сите имаме по некој план што да промениме во новата година за да живееме поздраво и посреќно. Овие совети кои екеспертите ги дадоа за BBC може да ви помогнат во остварување на таа зацртана цел!
Но, секогаш прашањето е кој да биде првиот чекор кон таа промена затоа што сите добро знаеме дека донесувањето на првата одлука е најтешкиот дел. Советите кои следуваат се скроени за возрасна личност, која е умерено здрава и е непушач.
Концентрирајте се на вашите мисли!
Лесно е да се размислува само за физичкото здравје. Докторката Надин Сами, асистентка на Одделението за спорт на Универзитетот Ексетер вели дека би требало да се насочиме на подобрување на умот преку градење на самосвест. Идејата е да ги разбереме своите емоции, промените во расположението и нагоните. Ако работиме на тоа, смета дека може многу да ја подобриме менталната и физичка благосостојба со тек на време. Таа предлага да водиме дневник во кој ќе ги запишуваме нашите емоции, да медитираме или едноставно да откриеме што не опушта после работа или на крај на денот. “Ако се разбереме себеси, може да ги подобриме своите слабости“, препорачува таа.
Посвојте куче
„Ако чувате куче нема да бидат среќни само животните, туку и вие“, тврди доктор Рис Тачер.
Членство во теретана, пилатес или утринско трчање се само некои од активностите кои може да ви паднат на памет кога помислувате да станете физички поактивни. Но, најчесто се бргу здосадува, јануари бргу поминува и се се заборава. Затоа експертите препорачуваат да се најде кое рутинско вежбање најмногу ни одговара за да стане дел од нашето секојдневие. Една од нив е шетање на куче, со кое ќе пешачите најмалку 30 минути двапати дневно. Тоа ќе ви помогне и да сте физички поактивни и емотивно исполнети затоа што сте посвоиле куче.
Хранете се разновидно
Сите знаеме дека треба да јадеме овошје и зеленчук. Но, според докторката Меган Роси од Кралскиот колeџ во Лондон не треба да тежнееме само кон количина, туку и кон разновидност. Затоа е важно да јадеме најмалку 30 различни растителни намирници неделно.
Бактериите во нашиот стомак, познати како микроорганизми, играат важна улога во нашето здравје. Алергии, дебелина, болести на црева, Паркинсонова болест, дури и депресија се почесто се поврзуваат со овие бактерии. Доктор Роси препорачува редовно да се користи микс од 4 видови семиња во исхраната.
Смејте се почесто
После празниците многумина си поставуваат одредени цели, но често се деморализираат ако не успеат да ги остварат, вели доктор Џејмс Гил. Наместо тоа, тој препорачува прво да се фокусираме на тоа да бидеме посреќни.
“Постојат листи со нешта кои може да ги направите за да бидете поздрави, но ако не уживате во животот веројатно нема да истраете во тоа што сте го зацртале“, вели Гил.
Но, како ќе станете посреќни?
Доктор Гил препорачува да направите една промена во животот која ќе ве насмее. Истовремено, идентификувајте една работа која ве прави несреќни и обидете се да ја променитe.
И на крај – спијте подобро
Можеби е очигледно, но на сите ни недостига сон за подобро да се чувствуваме. Притоа, седум до девет часа ноќен сон е доволен за повеќето здрави возрасни лица. Ако спиеме помалку тоа може негативно да се одрази на низа когнитивни функции во нашиот организам, вклучувајќи и носење на одлуки, вели доктор Гевин Бекингем од Универзитетот во Ексетер.
За подобро да спиеме навечер треба да избегнуваме кофеин и да одиме во кревет во исто време. Најдобро што може да го направиме во новата година е да ги остраниме телефоните од спалната соба и да ставиме филтер кој ја блокира сината светлина од нив.
Извор – BBC