Зошто Бил Гејтс и Џеф Безос и ден-денес сами си ги мијат чиниите?

- Advertisement -

Вредноста на куќата на Бил Гејтс изнесува 125 милиони долари. Џеф Брзос заработува милијарди долари од Amazon за да го оставри својот сон и луѓето да можат да појдат во вселената со неговата компанија Blue Origin, која прави ракети. Со оглед на наведеното, очигледно е дека и едниот и другиот се во можност да вработат некој кој секојдневно ќе им ги мие чиниите. Но, и двајцата милијардери инсистираат сами да си ги мијат чиниите.

Безос уште во едно интервју од 2014 година се пошегува дека тој секоја вечер ги мие чиниите и е убеден дека тоа е најпривлечната работа која ја прави. Слична изјава даде и Гејтс истата година. Многумина ќе помислат дека тоа е лудо, но науката покажала дека постојат добри причини зошто и најзафатените и најбогатите луѓе во светот сакаат да вршат некои досадни секојдневни обврски и зошто треба да се помислиме што може да излезе корисно од таквите активности.

- Advertisement -

Иако е можеби тешко да се поверува, истражувањата покажале дека секојдневните обврски како миењето чинии или спружувањето алишта може сериозно да го поттикне чувството на среќа ако се прави на вистински начин. Освен истражувањата, дури и учителите по медитација наведуваат дека секојдневните обврски можат да ја поттикнат внатрешната убавина и да ги смират мислите.

Миењето чинии ви дава можност да заборавите на сите проблеми со кои се соочувате и да бидете присутни во моментот. Замислете дека сте милијардер кој води една од најдинамичните компании во светот. Замислете дека треба постојано да носите одлуки, когнитивна потреба, стресни ситуации и постојана грижа за иднината. Имено, на секој му е потребен одмор, без оглед на тоа колку е паметен или успешен. Така, миењето чинии дава можност да заборавите на сите проблеми и да бидете присутни во моментот.

- Advertisement -

Но, тоа не е единствената корист што ја имате. Можете и да се препуштите на сонување и, иако звучи чудно, да ги опуштите мислите. Дури и експертите за креативност наведуваат дека баш тие едноставни секојдневни обврски  му овозможуваат на мозокот да дојде до некои од најиновативните идеи (затоа најдобрите идеи ви доаѓаат кога се туширате).

Според тоа, иако можеби мразите да ги средувате алиштата откако ќе се исушат, факт е дека сите многу богати претприемачи токму секојдневните обврски ги доживуваат како прилика повторно да си ја разбудат креативноста. Оваа вистина сигурно нема да придонесе да скокате од среќа следниот пат кога ќе мора да миете мрсни чинии, но барем ќе ве натера да не се извлекувате од ситуацијата во која се наоѓате и да го избегнувате вршењето досадни секојдневни обврски.

Сподели!
- Advertisement -