Виталиа ја заврши успешната и јубилејна година со учество на меѓународниот саем ANUFOOD 2018 во Пекинг, Кина

- Advertisement -

Македонската компанија за производство на здрава храна – Виталиа имаше успешно претставување на Меѓународниот Саем ANUFOOD 2018 во Пекинг, Кина. Исклучително важен настан на кој се претставуваат иновациите во прехранбената индустрија,  а компаниите имаат можност да се презентираат пред милионска публика, пред претставници од најголемите компании од Азија, како и пред посетители од Кина,  Јапонија, Малезија, Индија, Индонезија, Кореа, Филипини и други земји од светот.

Виталиа беше дел од т.н. Innovation room -зона каде што се истакнуваат иновации во технологијата,рецептурата и амбалажата на прехранбени продукти. Виталиа, секогаш во чекор со трендовите, беше дел од  оваа зона, каде што се претстави со новото Smoothie To Go, со Raw Bars и безглутенските крекери.

- Advertisement -

Големиот асортиман на Виталиа беше исто така промовиран и истиот предизвика значителен интерес поради уникатните и високвалитетните состојки, практичната амбалажа и нутритивната вредност. Производите на база на житарици – муслите беа едни од најпопуларните што овозможи остварување на многу контакти со производители, дистрибутери, трговски ланци.

Кина и овој дел од светот се особено интересни бидејќи тука потрошувачите имаат развиено навики за онлајн купување, што е инспирација за македонскиот пазар да се фокусира на поинаков начин на купување кој носи заштеда на време и прилагодување со модерниот животен стил. Тука, Виталиа ја има предноста,  во својата нова веб страна има инкорпорирано онлајн продавница.

- Advertisement -

“Станува збор за дел од светот кој нуди многу можности.  Огромен пазарен потенцијал,  шанса за големи извози и постигнување конкурентност во глобални рамки. Пласман и унапредување на позицијата на сите брендови во продуктното портфолио, што воедно може да придонесе кон голем раст и развој на производните потенцијали. Компанијата и понатаму ќе учествува на светските саеми со цел да биде поблиску до светските трендови и иновации од областа на здравата храна со што ќе се обезбеди и долгорочен развој на компанијата”, изјави главниот менаџер за интернационална продажба, Кети Ќосева.

Сподели!
- Advertisement -