Со „Start smart“ до мултимедијален простор за учење

- Advertisement -

Компанијата „Нестле” со панел дискусија за значењето на дигитализацијата во образованието, ја најави кампањата „Start smart” со која ќе се собираат средства за отворање мултимедијален центар во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски”

Следејќи ги светските трендови, Националната библиотека почна процес на дигитализација на книгите и архивите, а како што истакна Марко Цуцуловски, менаџер на Националната библиотека, на денешната панел дискусија, поддршката на „Нестле” е важна за да се дигитализира библиотечното градиво и со мултимедијалниот центар тоа да стане уште подостапно.
Бренд-менаџерот на Nescafé 3in1 Соња Шљивиќ, истакна дека компанијата „Нестле” смета дека сите промени почнуваат од едукацијата и токму тоа е причината за почнување на кампањата „Start smart” во чии рамки ќе се одвојуваат средства од продажбата на секој производ Nescafé 3in1 и Nescafé 2in1 кои ќе бидат донирани за креирање на мултимедијален центар во библиотеката.
Новиот простор за учење и професионален напредок ќе им помогне на младите и талентирани луѓе да најдат подобри можности за работа. Како меѓународна компанија имаме одговорност да им помогнеме на младите да им се обезбеди адекватно образование и вештини, истакна Шљивиќ.

Покрај читањето на дигиталното градиво, новиот мултимедијален центар ќе биде користен и за организација на работилници и обуки за младите, како и за филмски проекции и панел дискусии.

Младите се на социјалните мрежи
Дури 94% од милениумската генерација се активни на социјалните мрежи и користат апликација за комуникација – „Фејсбук” е најчесто користена алатка за комуникација (93%), потоа „Вајбер” (71%), „Инстеграм” (61%), „Ватсап” (58%) и „Твитер” (17%), покажува минатогодишното истражување на компанијата „Нестле”, спроведено во регионот.

Сподели!
- Advertisement -