Илон Маск ја објави првата фотографија од вселенскиот брод за патувања до Марс

- Advertisement -

Основачот и извршен директор на компанијата SpaceX, Илон Маск, објави фотографија која го открива изгледот на тест вселенскиот брод наречен Starship (претходно BFR), кој ќе се користи за патување до Марс. Маск објави дека тест-верзијата на Starship конечно е склопена и завршена на локацијата за лансирање во Бока Чика Вилиџ во Тексас.

Овој вселенски брод Starship ќе се користи за суборбитални тест вертикални лансирања, а орбиталната верзија на Starship ќе биде повисока, ќе има подебели ѕидови и поинаков нос. Маск вели дека компанија би требало да го има готов првиот орбитален прототип до јуни годинава. Ѕtarship е нова класа вселенски летала кои ќе ги заменат постојните, а ќе овозможат потенцијални мисии до Месечината и до Марс.

Сподели!
- Advertisement -