Загрозени повеќе од половина видови кафе во светот

- Advertisement -

Поради климатските промени и уништувањето на шумите можно е да исчезнат повеќе од половина видови кафе во светот, меѓу кои и популарните комерцијални кафиња „арабика“ и „робуста“, предупредуваат научниците.

– Актуелните мерки за одржување на дивите видови кафиња не се доволни за да се заштити нивната долгорочна иднина, се наведува во истражувањето објавено денеска од експертите на британската Кралска ботаничка градина во Лондон.

- Advertisement -

Арон Дејвис, кој раководеше со истражувањето изјави дека поради климатските промени можат да исчезнат и видовите кафе, кои би можеле да се одгледуваат во иднина.

– Под итно е потребна акција насочена кон одредени тропски земји, пред се во Африка и тоа во шумските области, кои се тешко погодени од климатските промени. Додека температурите растат, а врнежите од дожд се намалуваат, се помалку има адекватни зони за одгледување на кафе, посочи Дејвис.

- Advertisement -

Тој додаде дека заклучоците од истражувањето не се важни само за љубителите на кафе.

– Постојат многу држави кои зависат од кафето поради приходите од даноците. Се проценува дека околу 100 милиони луѓе произведуваат кафе на фарми ширум светот, наведе Дејвис.

- Advertisement -

Научниците со помош на компјутерска прграма утврдија дека поради климатските промени до 2080 година локациите на кои се одгледува кафето „арабика“ може да се намали дури за 85 проценти. Најпогодена би била Етиопија, кој е најголем африкански извозник на кафе.

Сподели!
- Advertisement -