Google забранува рекламирање на криптовалутите

- Advertisement -

Google ќе стави забрана на промовирање на криптовалутите почнувајќи од јуни годинава, а освен рекламирањето на криптовалутите ќе биде забрането рекламирање и на други слични производи како дигитални пари и тргување со исти на одредени платформи, објави Блумберг.

Одлуката е донесена како дел од пошироката политика на Alphabet, а слична одлука неодамна донесе и Facebook што значи дека двете најголеми „продажни места“ на реклами повеќе не стојат на располагање на секторот на криптовалути.

- Advertisement -

Аналитичарите претпоставуваат дека новата политика во однос на рекламирањето на криптовалути е поради лошиот извештај кој Google го доби за овозможување „лоши реклами“ како реклами кои носат вируси, шират лажни вести и измами и се контроверзни. Во 2017 година, Google објави дека отстраниле преку 3,2 милијарда реклами што е зголемување во однос на бројот на отстранети реклами во 2016 година кој изнесуваше 1,7 милијарда.

Само минаната година, Google повлече 79 милиони реклами кои примамувале кликови до веб страници со вируси. Компанијата исто така планира да започне борба и против недоволно јасни и лажни содржини.

- Advertisement -

Инаку, во 2017 година приходите на Google од рекламирање изнесувале 95,4 милијарда долари што е за 20% зголемување од 2016 година.

Сподели!
- Advertisement -