Facebook ќе инвестира 300 милиони долари во новинарство

- Advertisement -

Од социјалната мрежа Facebook соопштија дека ќе инвестираат 300 милиони долари во текот на наредните три години во различни проекти врзани за новинарството за да се подобри информирањето на локално ниво, кое е посебно погодено од дигиталната револуција.

„Ќе продолжиме со борбата против лажните вести, дезинформациите и информациите со лош квалитет. Сакаме да им помогнеме на локалните медиуми“ велат од Facebook.

- Advertisement -

Оваа социјална мрежа во јануари 2017 година го стартуваше новинарскиот проект Facebook Journalism Project со цел зајакнување на врската со медиумите. Глaвната замисла е на медиумите да им се понудат решенија за да се подобрат приходите со присуство на Facebook и да се подобри размената на информации.

Пребарувачот Google во март минатата година исто така најави 300 милиони долари инвестиции во низа проекти во борбата против лажните вести со цел подобрување на поддршката на медиумите кои се сметаат за доверливи и професионални.

Сподели!
- Advertisement -