Јапонија го има најпосакуваниот пасош во светот

- Advertisement -

Државата која во 2019 година влезе со најсилен пасош и понатаму е Јапонија. Истражувањето го спроведе агенцијата Henley Passport Index, која врши мерење во колку држави од светот можете да влезете со пасошот на една земја.

Жителите на Јапонија со своите пасоши можат да влезат во 190 држави во светот. Интересно е да се истакне дека Јужна Кореја ја подобри позицијата на листата и се приклучи на Сингапур, нудејќи пристап до дури 189 земји. Кога станува збор за Азија, Кина скокна за речиси 20 места за само две години и тоа од 85. позиција во текот на 2017 година на 69. место.

- Advertisement -

Европските земји исто така имаа добар резултат, особено земјите-членки на Европската унија, а Велика Британија и понатаму доживува благ пад на листата.

Значи, првата позиција со најдобар пасош во светот и припадна на Јапонија со 190 земји. Потоа следуваат Сингапур и Јужна Кореја со 189 земји, па Франција и Германија со 188, Данците, Финците, Италијанците и Швеѓаните можат да патуваат во 187 земји, а жителите на Луксембург и Шпанија во 186 земји. На листата високо се позиционирани и Австрија, Холандија, Норвешка, Португалија, Швајцарија, Велика Британија и САД.

Сподели!
- Advertisement -